Кошарка
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2021

Втор пораз за македонските кошаркари во евро-квалификациите

23. февруари 2020 - 17:54 | МИА

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа вториот пораз во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. „Црвено-жолтите“ попладнево загубија во Перм на гостувањето кај Русија со 77:67.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров добро го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со 20:19. Во вториот период домаќините постигнаа 19, а нашите 16 поени, па на полувреме со отиде со резултат 38:36 за фаворитот.

Голема борба се водеше и во второто полувреме. Рустите го контролираа резултатот, но не успеаја да се одлепат, а во 38. минута македонските кошаркари се доближија на минус три (70:67), но „Зборнаја“ не дозволи изненадување и на крајот се радуваше на првиот успех во овие квалификации.

Во вториот натпревар од 2. коло во Б групата вечерва играат Естонија и Италија.