УЕФА ЕУРО 2020

Времеплов: Македонија дебитираше на ЕУРО, Пандев го постигна првиот гол

Филип Здравески
/ 13.06.2022 / 12:25

Денешениот ден мината 2021 година засекогаш ќе остане запишан со златни букви во македонската фудбалска историја бидејќи на тој 13 јуни македонската репрезентација дебитираше на едно Европското првенство, а беше постигнат и првиот историски гол.

Исконската радост на Горан Пандев, фото: ФФМ

Тоа врнежливо јунско пладне во романската престолнина Букурешт беше огненото крштевање за македоснкиот фудбал на едно големо натпреварување. ЕУРО 2020, кое поради пандемијата со коронавирусот беше поместено за цела една година, конечно започна, со што почна и македонската авантура.

На стационот „Арена Национала“ во Букурешт македонските фудбалери пред стотици македонски навивачи истрчаа на тревникот на кој за противник ја имаа незгодната Австрија, која ни беше противник и во квалификациите, во кои двапати нѐ победи (1:4 во Скопје, 1:2 во Виена).

Remote video URL

Тогашниот селектор Игор Ангеловски историскиот натпревар го почна со Столе Димитриевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Бобан Николов, Енис Барди, Аријан Адеми, Елиф Елмас, Езџан Алиоски, Горан Пандев (к) и Александар Трајковски.

Единаесетмината кои испишаа историја, фото: ФФМ

На разочарување на многубројните македонски навивачи, поведе Австрија во 18. минута преку Штефан Лајнер кој му побегна на Алиоски и со мајсторија го совлада Димитриевски.

Се играше 28. минута кога еруптираше „Арена Национала“. При еден навидум безопасен македонски напад австриската одбрана лоше интервенираше, топката се врати накај голот каде Дејвид Алаба и голманот Даниел Бахман не се разбраа, а нивното недоразбирање го искористи искусниот Пандев кој лесно ја пласираше топката во празната мрежа за израмнување на 1:1.

Австријците постигнаа уште два гола кон крајот на натпреварот и ја однесоа победата. Михаел Грегорич во 78. и Марко Арнаутовиќ во 89. минута беа стрелци на головите.

Remote video URL

Во игра за Македонија од клупата за резерви влегоа Егзон Бејтулаи, Тихомир Костадинов, Иван Тричковски и Милан Ристовски.

И покрај поразот, овој натпревар и овој ден остануваат да будат убави сеќавања кај секој искрен и горн македонски фудбалски љубител.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе