Вредноста на доларот најслаба во изминатава година

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна четврти ден по ред и падна на најниско ниво во речиси една година.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 100,78 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,47 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 133,20 на 132,45 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.1070 долари, највисоко ниво за една година, додека вчера во овој момент беше 1.0985 долари.

Зајакнувањето на еврото е последица на очекувањата дека Европската централна банка (ЕЦБ) на следната сесија ќе ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,50 процентни поени, со што би се намалила разликата во каматните стапки меѓу САД и еврозоната.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,35 отсто, на 86,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,46 отсто, на 82,55 долари.

Азиските берзи пораснаа, како и Волстрит претходниот ден

На азиските пазари цените на акциите пораснаа, како и на Волстрит претходниот ден, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во речиси една година, бидејќи се очекува ФЕД да го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, порасна за 0,4 отсто околу 7:00 часот.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 0,6 отсто.

Така, индексите на азиските берзи го следат вчерашниот силен раст на цените на акциите на Волстрит, при што Dow Jones зајакна 1,1 отсто, S&P 500 порасна за 1,3 отсто, а Nasdaq индексот за 2 отсто.

Ова е благодарение на новите индикации за намалување на инфлациските притисоци во САД.

Откако претходните податоци покажаа дека потрошувачките цени во март пораснале помалку од очекуваното, вчера беше објавено дека производствените цени во истиот месец паднале за 0,5 отсто на месечно ниво.

Овие податоци покажуваат дека заострувањето на монетарната политика на американската централна банка дава резултати, дека инфлацијата стивнува и дека пазарот на трудот, а со тоа и притисокот врз растот на потрошувачката и платите, се „лади“.

„Сè уште се работи за инфлацијата и ФЕД. По податоците за потрошувачките цени, податоците за цените на производителите исто така сугерираат дека инфлацијата се намалува, што може да значи брз крај на монетарното затегнување на ФЕД“, рече Дејвид Картер, аналитичар во JPMorgan Private Bank.

Сепак, повеќето аналитичари и понатаму веруваат дека ФЕД ќе ги зголеми клучните каматни стапки за уште 0,25 процентни поени на состанокот во мај, но се повеќе се оние кои веруваат дека ФЕД ќе ги остави каматните стапки непроменети во опсег од 4,75 до 5 проценти и на тој начин да заврши циклусот на зголемување на цената на парите.

И надежта на инвеститорите дека циклусот на зголемувања на каматните стапки во светот наскоро ќе заврши, беше поддржана и со денешната одлука на централната банка на Сингапур да ги задржи каматните стапки непроменети. Неколку други централни банки во регионот го направија тоа претходно.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе