Скопје, 19 ноември 2018 (МИА) – Патничко возило „БМВ“ со бугарски регистарски ознаки било опожарено на улицата „Мирка Гинова“ во Скопје.
Случајот бил пријавен рано утринава, во 3:50 часот, во СВР Скопје. Како што соопшти МВР, возилото е во сопственост на К.С.(32) од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.