Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Петгодишно девојче од Пробиштип е повредено откако во неа удрило патничко возило марка „пежо“, со непознати регистарски ознаки, по што возилото го напуштило местото.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15:45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.
-Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип, наведуват од МВР.