Ворнок: Играч како Миовски нема во Шкотска

Макфакс/Кајгана
/ 07.02.2024 / 14:28

Бојан Миовски игра во фантастична форма. Сосега сезонава има постигнато 13 голови во шкотската Премиер лигата, а 7 од нив на последните 8 натпревари. Има и 2 асистенции. Постигјна и 2 гола во европските купови.

Нил Ворнок (76) синоќа дебитираше на клупата на Абердин. На дебито загуби на „Ајброкс“ во Глазгов од Ренџерс со 2:1. Единствениот гол за Абердин го постигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

URL

По натпреварот Ворнок на прес-конференцијата не ги штедеше комплиментите за играта на Миовски.

„Му реков дека во Премир лигата не сум видел играч како него. Драго ми е што не беше продаден во зимскиот преоден рок. Сигурен сум дека сезонава ќе постигне 30 голови. Абердин ќе заработи многу кога ќе реши да го продаде“, рече тој.

Пред да му даде гол на Ренџерс, Македонецот во саботата го тресна и другиот шкотски гигант, Селтик, и тоа со прекрасен гол.

URL

Миовски во шкотски Аберден се пресели летото 2022 година од редовите на унгарски МТК. Потекнува од штипска Брегалница, а во татковината играше и за Работнички, Македонија ЃП и Ренова. За репрезентацијата на Македонија има 20 натпревари и 2 гола.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе