Наука

Вонземјаните биле на Земјата уште пред појавата на човекот?

19. септември 2019 - 10:39 | М.С.

Цивилизацијата е премногу млада за да се соочи со вонземјаните, а интелигентните луѓе од галаксијата Млечен Пат ја посетиле Земјата уште пред постоењето на луѓето, покажува студијата на The Astronomical Journal.

Во Млечниот Пат постојат милијарди планети на кои може да има услови за живот, а тие се сместени на идеална оддалеченост од ѕвездите. Научниците сметаат дека не е парадокс тоа што никогаш не сме откриле дека постојат вонземјани.

Студијата наведува дека нашата галаксија се состои од 400 милијарди ѕвезди. Проценката е дека во околината на четири милијарди од нив ротираат планети кои имаат идеални услови за живот. Станува збор за планети со големина на Земјата.

Доколку секоја илјадита од тие планети содржи некаков облик на живот, тоа би значело дека на Млечниот Пат постојат четири милиони планети на кои има живот.

Студијата на The Astronomical Journal проценува дека ако во нашата галаксија постои само една цивилизација која е способна на неколку стотини години да колонизира две планети, тогаш целата галаксија би била населена за 5 до 50 милиони години.

Млечниот Пат е стар околу 13 милијарди години, а Земјата четири милијарди. Најстарите планети кои настанале во оваа галаксија се стари повеќе од 12 милијарди години. Тоа значи дека вонземјаните имале милијарда години време за да развијат технологија со која можат да патуваат по вселената.

Студијата проценува дека вонземјаните можеле да ја посетат Земјата уште додека луѓето не ни постоеле. Авторите напоменуваат дека претходните истражувања не го земале предвид фактот дека нашата галаксија се движи.

Хипотетички, вонземјаните можеби воопшто не стигнале до нас или ја посетиле нашата планета уште пред да се развијат услови за живот на неа.

За да го истражат сценариото според кое вонземјаните наскоро би можеле да нè посетат, научниците користат нумерички модели за симулација на ширење на некои цивилизации низ вселената.