Авто новости

Volkswagen во Женева ќе го претстави новиот Golf GTI

17. јануари 2020 - 15:21 | М.С.

Германската компанија Volkswagen потврди дека на Саемот за автомобили во Женева во март ќе го претстави новиот Golf GTI.

Volkswagen испрати покани до медиумите за саемот во Женева, а списанието Autocar тврди дека на саемот ќе биде претставен и Golf GTD.

GTI ќе го придвижува подобрена верзија со 2,0-литарски четирицилиндричен бензин мотор со турбо полнач кој ќе развива 242 коњски сили, односно помоќната верзија ќе развива 287 коњски сили.

Во понудата ќе биде 6-степен мануелен и 7-степен автоматски менувач.

Овие информации не се совпаѓаат со гласините дека ќе има блага хибридна асистенција на моторот.

За оние коишто преферираат дизел можат да изберат GTD кој наводно ќе користи 2,0 литарски мотор со турбо полнач кој ќе развива 197 коњски сили. Како што е случај со GTI моделите, ќе има и мануелен и автоматски менувач.

Најмоќниот Golf R ќе има најмалку 300 коњски сили, а најмоќната верзија околу 395 коњски сили со погон на четири тркала.

Plug in хибридниот GTE ќе се појави оваа година и ќе биде достапен со верзиите со 201 и 241 коњски сили.

И двата модела ќе користат батерија со моќност од 13 kWh.