Volkswagen ќе го претстави најмоќниот Touareg R со 462 КС

Volkswagen на Саемот за автомобили во Женева ќе го претстави Touareg R чија plug in хибридна комбинација нуди 462 коњски сили.

Од Volkswagen кон крајот на минатата година потврдија дека наскоро ќе го претстават својот кандидат од категоријата на големи SUV автомобили со високи перформанси.

Најмоќниот Touareg кој премиерно ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева поседува хибридна погонска комбинација.

Хибридниот Touareg го придвижува трилитарскиот турбо бензин V6 мотор на кој му асистира електричниот мотор. Најголемата комбинирана сила изнесува 462 коњски сили, а вредноста на максималниот вртежен момент е 700 Nm.

Oд 0 до 100 км/ч забрзува за околу пет секунди, а електронски ограничената најголема брзина изнесува 250 км/ч.

Со капацитетот на батерииите кои се сместени под багажникот доволно да се поминат нешто помалку од 50 километри и да се развијат 140 км/ч.