Volkswagen Group продаде најмногу автомобили во 2018 година

Во минатата година Volkswagen Group продаде рекордни 10,83 милиони лични автомобили, односно 0,9% повеќе од претходната година. Доколку се земат предвид проценките на конкурентите, VW Group се наоѓа на првото место по бројот на продадени автомобили во минатата година.

Најголемите конкуренти на VW Group - Toyota Motor и Renault-Nissan- Mitsubishi сѐ уште ги немаат објавено официјалните податоци за вкупната продажба во 2018 година. Француско-јапонската групација продаде 10,6 милиони автомобили во 2017 година, додека во првата половина од минатата година веќе имаше продадено 5,54 милиони возила.

Toyota ја објави првичната проценка, според која во минатата година се продадени 10,55 милиони возила од оваа групација, но и понатаму нема официјална потврда за оваа бројка.

Volkswagen минатата година испорача 6,24 возила, додека луксузните брендови од истата групација, Audi и Porsche, продадоа 1,81 милиони односно 256.000 возила последователно.

Со минатогодишните бројки, Audi стана третиот најпродаван луксузен бренд во светот, веднаш зад BMW, кој испорача 2,12 милиони луксузни лични автомобили и со тоа ја зголеми продажбата за 1,8% во однос на 2017 година. На првото место и понатаму е Mercedes-Benz, кој минатата година продаде 2,31 милиони луксузни возила.

Вкупната продажба на BMW Group порасна за 1,1% во однос на претходната година, со што стигна до бројката од 2,5 милиони продадени возила. Од компанијата велат дека очекуваат и оваа година бројот на продадени возила да се зголеми.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе