Volkswagen го претстави електричниот Samba Bus

VW T1 Samba Bus од 1966 година може да се пофали со погон кој го имаат и останатите електрични возила на Volkswagen. Моделот на фотографијата не е единствената верзија на популарното комбе кое сега го придвижува струја.

Електричното возило го придвижува мотор со сила од 61 kW, наместо четирицилиндричниот мотор од 32 kW. Најголемиот вртежен момент е 212 Nm.

Максималната брзина на електричната верзија е ограничена на 130 км/ч за да се заштити батеријата.