Во Србија слетаа 11 руски авиони со медицинска помош и 87 војници и лекари

На воениот аеродромот Батајница, во близина на Белград, утринава слета единаесетиот авион со медицинска опрема, техника и заштитна опрема, кои, според договорот на српскиот и рускиот претседател, Александар Вучиќ и Владимир Путин, Москва ѝ ги испрати на Србија.

– Помошта вчера беше доставена со шест авиони, а во текот на ноќта и утринава, на аеродромот Батајница слетаа уште пет авиони, соопштија од српското Министерство за одбрана.

Во состав на тимовите од Русија се наоѓаат еден генерал, 42 офицера, 42 подофицера и двајца членови на руското Министерство за здравство, предводени од началникот на АБХО на Западниот округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал мајор Михаил Черњишов.

Руските експерти се поделени во осум медицински екипи. Во секој тим ќе има лекари по општа пракса, епидемиолози, анестезиолози, медицински техничари и преведувачи, а остатокот од делегацијата е составена од експерти и стручњаци по АБХО, се наведува во соопштението.

– Во рамки на помошта пристигнаа и 16 специјални моторни возила наменети за дезинфекција на објекти и патишта, како и големо количество медицинска опрема, техника и заштитна опрема, која ѝ е неопходна на Србија во третманот на пациенти заразени со коронавирус, како и во борбата против ширењето на COVID-19, се додава во соопштението.

Првиот од 11-те авиони со медицинска помош од Русија вчера го дочекаа премиерката Ана Брнабиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, началникот на Генералштабот на српската војска Милан Мојсиловиќ и рускиот амбасадор во белград, Александр Боцан-Харченко.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе