Живот

Во што е тајната на познатата техника фенг шуи?

17. јануари 2020 - 9:49 | М.С.

Се верува дека вистинското фенг шуи учење е од голема корист за вашето здравје, богатство и среќа. Тоа е и начин на живеење, бидејќи ги вклучува сите аспекти од вашата дневна рутина, почнувајќи од вашиот работен простор, па сè до вашата спална соба, дневна или тоалет. 

Сите сте слушнале за ова древно учење, но има многу луѓе коишто се скептични кога станува збор за тоа како функционира фенг шуи.

Се чини дека фенг шуи има исто толку следбеници како и скептици. Фенг шуи не е само обично сместување на одредени објекти, туку е наоѓање на вистинското место, боја и осветлување за секоја соба со цел да постигнете максимална рамнотежа и хармонија.

Според техниката фенг шуи- не постојат две исти личности, како што нема ниту две исти куќи.

Куќите со идентичен изглед ќе имаат различна примена на фенг шуи поради специфичната положба, енергијата на земјата, светлината и слично. Дури и идентичните близнаци имаат различни карактери и начин на однесување. Така што ова е причината зошто фенг шуи нема исто влијание на секој човек.

Некои ќе ја применат оваа техника и веднаш ќе ги забележат резултатите, додека другите ќе мора малку да почекаат. Но, во што всушност е тајната на фенг шуи?

Според древните мајстори, постојат три вида на среќa- тиен, ти и рен.

Тиен - среќа од небото

Ова е кога никој не може да ги промени нештата наместо вас. Едноставно, не можете да го смените времето и местото на раѓање, семејството или работите коишто ви се случиле.

Ти - материјална среќа

На оваа ниво, фенг шуи ви помага да ја зајакнете вашата среќа и да ги привлечете сите позитивни енергии во својот живот. Со користење на техниката фенг шуи може да ја подобрите сопствената среќа и да ја спречите несреќата.

Рен - човечка среќа

Тоа е среќа која ја креирате со својот труд и учење, запознавајќи ги вистинските луѓе, истражувајќи го светот или обидувајќи се да бидете подобар човек.

Фенг шуито не е религија. Тоа е древно знаење коешто преживеа илјадници години и носи мудрост за оние коишто се подготвени да ја прифатат и да живеат убаво.