Во петок ФФМ ќе ги враќа парите од купените билети за баражот со Косово

Федерацијата денеска излезе со соопштение во кое ги информира сите оние кои имаат купено билет за натпреварот Македонија - Косово за начинот на кој ќе можат да си ги вратат парите.

Фото: ФФМ

Натпреварот беше оригинално закажан за 23 март, но се одложи поради пандемијата со коронавирусот. Бидејќи до пред некој ден постоеше можност да се игра со присуство на 30% публика, како што дозволи УЕФА, но Министерството за здравство категорично го отфрли тоа и нареди воопшто да нема публика. Тоа на ФФМ ѝ даде одврзани раце да почне да ги враќа парите за купените билети.

„Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите поддржувачи и навивачки на македонската репрезентација дека од петок, 09.10.2020 до 23.10.2020 преку МК Тикетс, официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети за натпреварите на нашите национални тимови, ќе се врши враќање на паричните средства за билетите купени за откажаниот натпревар меѓу Македонија и Косово кој првично требаше да се одигра на 23 март 2020“, стои во соопштението на ФФМ.

Трибините ќе зјаат празни и во октомври; Фото: Филип Здравески

За да се добие повраток на паричните средства треба да се приложи оригиналниот билет и документ за лична идентификација.

Враќањето може да се направи на следниве локации:

Скопје:
- Билетара на стадионот „Тоше Проески“ во период од 9 до 23 октомври

Битола:
- Книжара „Литература МК“ - 13-18 октомври

Велес:
- Унисон - 9-23 октомври

Неготино:
- Тобако Корзо

Охрид:
- ТА Глобус Травел - 9-23 октомври

Прилеп:
- ТА Бран - 9-23 октомври

Струмица:
- Кафе бар „Концепт“ - 9-23 октомври

Штип:
- кафе „Симбол“ - 9-23 октомври

Сите кои не се во можност или имаат проблем можат да се обратат на contact@mktickets.mk.

Бараж натпреварот Мкаедонија - Косово се игра вечерва од 20:45 пред празни трибини на „Тоше Проески“ стадионот во Скопје.

„Фудбалската федерација на Македонија упатува благодарност до сите поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација за подготвеноста да ја бодрат нашата селекција со надеж дека во најскоро време одново на вистински начин ќе бидеме поттик за омилената репрезентација“, велат од ФФМ.

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе