Во обид да спаси аут слета во публика

Кошаркарот Џејсон Тејтум од редовите на Бостон Селтикс сакаше атрактивно да ја спаси топката да не излезе во аут, но неговата пожртвуваност се одрази на првиот ред од публиката.

На вчерашното гостување кај Хјустон Рокитс неговиот тим загуби, но Тејтум ги освои симпатиите со својата воздушна интервенција. Сепак, нагази во аут па акробацијата му беше залудна.