Во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители во североисточна Шпанија, најмалку 25 отсто од школската настава ќе се одвива на шпански, одлучи судот во вторникот.
Каталонската влада се залага за независност на Каталонија и сака основните и средните училишта да се изучуваат исклучиво на каталонски, што беше отфрлено од Високиот суд на Каталонија, наредувајќи најмалку 25 отсто од часовите да се одржуваат на шпански. Каталонската влада поднесе жалба на одлуката, но шпанскиот Врховен суд ја потврди во вторникот.
Реагираше каталонскиот премиер
„Тоа е мешање во нашите внатрешни работи и непочитување на нашиот образовен систем“, рече каталонскиот премиер Пере Арагонес во Барселона.
Каталонија има статус на автономна покраина со своја влада, парламент и полиција од 1978 година, додека шпанската влада раководи со надворешната, одбранбената и фискалната политика. И шпанскиот и каталонскиот се официјални јазици на Каталонија.