Тим археолози во Египет пронајде антички град за кој се верува дека е стар меѓу 5.000 и 7.000 години.
Градот се наоѓа во близина на реката Нил, а во него се пронајдени алатки од камен и метал, грнчарски предмети, гробови и куќи.
Се верува дека во него живееле градители на гробници и луѓе со висок статус. Според BBC, откритието на градот е еден од најзначајните моменти за Египет во последно време, со што би се збогатила туристичката понуда на земјата.