ВМРО-ДПМНЕ: Без потпишан указ од страна на претседателот на државата нема закон

"Неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност, Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ на сила и шверцерски го истуркаа во Собранието, со флагрантно кршење на законот и деловникот за работа", велат од ВМРО ДПМНЕ.

„Насилието и кршењето на постапките е одраз на заробена и киднапирана држава од страна на Социјалдемократскиот сојуз, кои што охрабрени од власта која ја имаат се стваат над законите. За ваквото самоволие и газење на демократијата, Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ ќе сносат и политичка но и правна одговорност. За Талат Џафери ќе биде покрената и кривична одговорност за непочитување на Уставот и на законите на Република Македонија.

Единствената институција која не подлегна на притисоците на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ и застана во одбрана на Уставот и државните интереси е Претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов.

Секој обид да биде погазена и институцијата Претседател, ќе повлече дополнителна одговорност за сторителите.

Директорот на Службен весник, доколку се обиде да го објави законот за двојазичност без потпис на Претседателот Иванов свесно ќе стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 од Кривичниот закон на Република Македонија. Ова дело не застарува за година, две или три за да може да биде амнестиран од судството на Зоран Заев. Со оглед на тежината на делото и огромните штети по буџетот на Република Македонија кои би ги предизвикало незаконското објавување во Службен весник, ставот 5 од членот 353 предвидува затворска казна од најмалку 5 години.

Македонското правосудство веќе има пракса за постапување во вакви случаи. Уставниот суд во минатото има утврдено дека е неуставен двојниот потпис на Указот од страна на еден од поранешните претседатели на Собранието кога не е исполнет ниту еден од основите предвидени во член 82 од Уставот.

Уставот и законите се јасни, Талат Џафери не смее да си дозволи да го потпише законот за двојазичност на местото наменето за потпис на претседателот Иванов.

Талат Џафери и да го потпише законот на местото наменето за претседателот тоа нема да биде валидно бидејќи тој не може да го заменува претседателот Иванов кога тој во целост си ја врши својата претседателска функција.

Токму затоа директорот на Службен весник смее да си дозволи да го објави законот.

Уставот мора да се почитува. Без потпишан указ од страна на Претседателот на Република Македонија нема закон, а доколку некој се обиде и се дрзне да го прекрши Уставот ќе сноси и соодветна кривична одговорност.

Законот за двојазичноста не смее да се дозволи да стапи во сила.
Законот е неуставен и целосно неприменлив, а последиците ќе бидат огромни и штетни по државата.

ВМРО-ДПМНЕ не го признава овој закон и никогаш нема да го признае", изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе