Владика Пимен: Богдан беше разочаран што работите се тргнале од контрола

Скопје, 13 декември 2018 (МИА) – За настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, денеска во Кривичниот суд исказ даваше владиката Пимен Илиевски, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен.

Владиката Пимен кажа дека Илиевски му бил пријател и духовно чедо. Првично се запознале преку социјалните мрежи, а потоа почнале поинтензивно да се дружат и приватно. Разговарале за различни теми и некогаш биле на различни страни, но тоа не влијаело на нивното пријателство.

-Имавме искрена убеденост во ставовите кои ги носевме иако некогаш бевме на разни страни, рече владиката Пимен.

Како пример ги посочи изградбата на црквата во Центар кога Богдан бил во архибригадата, а тој како претставник на МПЦ од другата страна и „Шарената револуција“.

-Бев познат како шарениот владика заради поддршката што ја давав на движењето преку социјалните мрежи, а Богдан на „За заедничка Македонија“. Дебатиравме заедно околу нашите ставови и сфатив дека учествува во иницијативата без намера тоа да го валоризира преку добивање материјални средства или напредок во кариерата. Никогаш кај него не видов и не се зборуваше за насилство, туку имаше разочараност од работите што излегле од контрола, рече владиката Пимен.

Не се раководеше, додаде, од желби за насилно завршување на протестите.

-Го повикав на 28 април и се најдов со него и неговиот став беше дека ќе продолжат со протестите за да ја вратат довербата во движењето и да се види дека не им била намера да влезат во Собранието. Му се гледаше разочараност што работите се тргнале од контрола, посочи владиката и заклучил, како што рече, дека движењето е ненасилно.

Во одговор на прашање од обвинетиот Јане Ченто, владиката Пимен рече дека Илиевски бил против изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и се залагал за нови избори на кои ќе се дојде до поголемо мнозинство кое нема да прифаќа секакви притисоци.

Во одговор, пак, на обвинетиот Игор Југ, посочи дека движењето „За заедничка Македонија“ било мирно, но добило лош белег на крајот.

По владиката Пимен, како сведок на Иливески исказ даде и Ивона Опетческа Татарческа, етномузиколог вработена во Управата за заштита на културата и самата учесничка во иницијативата „За заедничка Македонија“. За иницијативата се информирала на социјалната мрежа фејсбук преку групата „Илинден 4 граѓанска иницијатива“ и учествувала на 70 од вкупно 78 протести. Со Илиевски ја запознал Игор Дурловски. Првично, како што кажа, иницијативата настанала како натпартиско тело за борба против т.н. Тиранска платформа, а потоа за барање нови избори.

На 27 април требало да се обрати на собирот пред Собранието. Опиша дека Илиевски бил ненасилен и ја смирувал масата пред Собрание и им зборувал да не ја напаѓаат полицајците бидејќи тие го чуваат јавниот ред.

– Еден од масата праша до кога ќе седите пред Собрание и ќе се зафркавате со нас, на што Богдан му одговори никогаш нема да повикам на насилство, рече Опетческа Татарческа.

По неа сведочеше и Томислав Јовановски кој како член на мотоклубот „Ноќни волци“ два пати учествувал на протестите на „За заедничка Македонија“ кои, како што рече, биле мирни. Два пати ја предводеле со мотори масата што протестирала против Тиранската платформа.

На 27 април Јовановски не бил присутен пред Собранието, но откако видел на ТВ што се случува отишол таму и го побарал Илиевски кого го знаел и од кафулето во кое работел. По некое време го нашол надвор, како што рече, исплашен збунет и испотен.

-Го прашав што се случува внатре во Собранието и ми одговори само – те молам не влегувај, посочи Јовановски.

На денешното рочиште треба да сведочи и Методија Илиевски. Предвидено беше сведочење и на Сотир Костов, но тој е спречен заради болест, поради што бранителот на Илиевски, адвокатот Сашко Дуковски го повлече сведокот.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Read more

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Read more

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Read more

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе