Вистинската Фрида Кало: Ретки приватни фотографии од последните 20 години од животот на сликарката

Родена на 6 јули, 1907 година во Мексико, Фрида Кало почнала да слика на 18 години, откако преживеала тешка сообраќајна несреќа. Кало наскоро станала политичка активистка. Во 1929 година се омажила за љубовта на нејзиниот живот - колегата сликар Диего Ривера.

Мексиканската сликарка беше позната по нејзините автопортрети и стана феминистичка икона, исто така препознатлива по нејзиниот стил на облекување во традиционална мексиканска облека и споените густи веѓи.

Уметницата која имаше тежок, но плоден живот, почина на само 47 години, оставајќи зад себе непроценливо богатство од уметнички дела, но и лични предмети како облека и накит специфични за нејзиното родно Мексико.

Овие фотографии се од последните две децении од животот на Кало, кога нејзиното здравје значително било влошено, но нејзиниот дух не бил скршен. Иако чувствувала страшни болки и психички била изморена, таа продолжила да се облекува во живи бои и да работи до последен миг.