Живот

Вистинска љубов: Сопружници починале еден по друг во период од 33 часа

6. декември 2019 - 15:29 | А.С.

По 66 години љубов, брачниот пар од Минесота Роберт и Корин Џонсон починале еден по друг. На 84 години прво починала Корин, а 33 часа подоцна починал и Роберт.

Членовите на нивното семејство сметаат дека тоа воопшто не било случајно, иако се работи за редок и необичен случај.

„Очекувавме дека тато ќе умре прв, за неколку недели, но откако почина мама сѐ се забрза и тој почина следниот ден, најверојатно од тага по неа. Тешко е да се поверува дека тоа е случајност“, изјави нивниот син Брус Џонсон.

Здравствената состојба на Роберт била потешка од онаа на неговата сопруга пред да ја примат во болница поради проблеми со срцето.

„Кога почина мама само ги повлече параваните меѓу двата кревета и продолжи да зјапа во нив“, раскажува Брус.

Последен пат се бакнале неколку дена пред нејзината смрт. Тогаш Корин му шепнала на Роберт дека го сака. Погребани се заедно во гратчето Сент Питер.

Нивните деца раскажуваат дека Роберт и Корин починале како што сакале, да не патат еден по друг, еден без друг.

Брент, другиот син на двојката, вели дека татко им бил вистински џентлмен и за него мајка им секогаш била на прво место.

Корин и Роберт се венчале во 1951 година и добиле седум деца. До пред шест месеци самостојно живееле на нивната фарма, додека не им се влошило здравјето и на двајцата.