Во „Bloodshot“ го гледаме Вин Дизел во улогата на Реј Гарисон, војник кој неодамна е убиен во акција и повторно е оживеан како суперхерој или буквално незапирлива машина за убивање.
Во неговите вени тече војска од нанотехнологија, тој е неуништлива сила со способност за моментално закрепнување.
Но, компанијата што стои зад сето ова го контролира неговиот ум и неговите спомени, па Реј не знае што е реалност, а што не е. Тоа е неговата мисија, да открие кој е.
Премиерата на филмот е закажана за 13 март.