Фудбал
1.МФЛ 2019/20

Викендов продолжува македонската фудбалска лига

14. февруари 2020 - 15:57 | Ф.З.

Возбудувањата во нашата најдобрата фудбалска лига продолжуваат утре кога почнува пролетниот дел, а мразот ќе го скршат Вардар и Македонија ЃП.

Со еден натпревар во сабота и четири в недела почнува втората полусезона во македонската прва лига. Честа да го отворат пролетниот дел ќе ја имаат фудбалерите на лидерот Вардар кои на „Тоше Проески“ од 14 часот ќе ги пречекаат „Лавовите“ од Ѓорче. Натпреварот ќе биде емитуван и со директен пренос на МРТ1 и на Арена Спорт 1.

Наредниот ден, в недела, ќе се одиграат сите останати натпревари од ова 19-то коло.

Се очекува најинтересно да биде во Струмица каде се среќаваат два актуелни шампиони од минатата сезона. Куп победникот Академија Пандев ја пречекува Шкендија која е бранител на пехарот од лигата. За разлика од другите, овој натпревар ќе почне еден час порано, односно од 13.00 заради директниот пренос на МРТ1.

Комплетно изменетиот состав на Работнички првиот тест ќе го има на бреговите на Охридското Езеро каде гостува кај Струга бркајќи бодови во обид да се добрижи до сигурната зона.

Симпатичниот Борец гостува во Скопје кај Шкупи, додека Ренова го пречекува Силекс кој со делбата на третото место изненади во есенскиот дел.

Сабота:

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар - Македонија ЃП (14 ч.)
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Недела:

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Академија Пандев - Шкендија (13 ч.)
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Силекс (14 ч.)
Судија: Марјан Младеновски (Скопје)

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Струга - Работнички (14 ч.)
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Борец (14 ч.)
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)