2.МФЛ ИСТОК И ЗАПАД 2019/20

Викендов почнува сезоната во двете втори лиги

Фудбалските второлигаши утре ја отвораат новата сезона, некои со прволигашки амбиции, други со тешка мисија за обезбедување на опстанок.

Вторите лиги Исток и Запад в сабота од 17 часот ќе ја почнат сезоната 2019/20 која треба да ги даде новите прволигаши за наредната сезона 2020/21, но и да ги скрати двете групи. Кога станува збор за пласман во Првата лига, прваците на двете групи ќе обезбедат директен пласман, додека второпласираните ќе играат бараж.

Стриминг платформата на веб-страницата на ФФМ и оваа сезона ќе врши пренос од одредени натпревари од вторите лиги.

На Истокот најинтересно се очекува да биде во Гевгелија каде Кожуф ќе го пречека Тиквеш. Кавадарчани не кријат дека атакуваат на првото место и враќање во Првата лига по пауза од цели 16 години.

Прилеп: Победа - Саса
Струмица: Беласица - Кит-Го (пренос)
Гевгелија: Кожуф - Тиквеш (пренос)
Радовиш: Плачковица - Брегалница
Кочани: Осогово - Питу Гули

На Западот сите очекуваат враќање на Пелистер во елитата. Битолчани важат за први фаворити, но тоа треба да го покажат и на зелениот терен.

Охрид: Охрид - Влазрими 77 (пренос)
Гостивар: Гостивар - Дрита
Дебар: Кораби - Скопје
Битола: Пелистер - Вардари
Скопје: Кадино - Лабуништа (пренос)

На крајот на сезоната ќе испаднат последните 4 екипи од секоја група, а ќе испаднат и дополнителни една до две екипи  во зависност од тоа кои клубови ќе отпаднат од Првата лига.  Вторите лиги ќе се кратат, наредната сезона ќе бројат по 8 екипи наместо сегашните 10, а тоа е бидејќи ФФМ планира од сезоната 2021/22 да ги спои двете групи во една.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more
 

Спорт

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе