Виери има совет за Лукаку, Џеко и Мартинес

Легендарниот италијански напаѓач Кристијан Виери го објасни проблемот со ефикасноста на тимот на Интер и откри што смета дека е главната причина за лошата форма на Ромелу Лукаку, Един Џеко и Лаутаро Мартинес.

Тој вели дека Лукаку има проблем што е премногу нервозен на теренот, односно што не е мирен пред голот и плус секогаш треба да биде 100 отсто физички подготвен.

„Факт е дека Лукаку не е мирен пред голот. Ова го кажувам како напаѓач и како некој што ја разбира ситуацијата. Важно е за Лукаку да му се создаваат шанси и трагедија е ако ги нема во 10 одиграни натпревари. Едноставно, напаѓачот мора да има можности“, рече Виери потоа продолжи:

„За Лукаку да биде разорен, а бидејќи знаеме како изгледа физички, тој мора да биде 100 проценти кондициски подготвен за да биде незапирлив. Во спротивно, се мачи, греши и прави грешки кои вообичаено не би ги направил. Невешт е во прием на топка, секогаш доцни секунда, а кога ќе погреши, станува нервозен“.

После тоа вели дека Лукаку не е единствениот играч на Интер кој има проблем, па наведе примери со Един Џеко и Лаутаро Мартинес.

„Лукаку не е мирен, но не се ниту Џеко, ниту Лаутаро. Едниот може да биде во криза, но другиот мора да даде гол. Кога игра Лукаку мора да биде на теренот 90 минути, нема смисла таков играч да се замени по еден час игра“, според Виери.

Потоа изјави дека во овој тим на Интер, напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, би забил 25 гола во сезона.

„Кога Влаховиќ би играал во Интер, би дал 25 гола во сезоната. Лукаку беше незапирлив под Конте и тогаш имаше ‘мека’ нога, а сега физички се мачи и тоа е проблем“, заклучува Виери.

Популарниот Бобо го носеше дресот на Интер од 1999 до 2005 година, а на 190 натпревари постигна дури 123 гола, па неговите зборови секако имаат тежина.

реклама

Фудбал

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Read more

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Read more

Мбапе ја купи вилата на Бејл во Мадрид за 11 милиони евра

Read more

Јован Манев: Сите сме со една цел, да постигнеме добар резултат

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Читај повеќе

Ролан Гарос забрани пиење алкохол на трибините

Читај повеќе
  • filter

Мбапе ја купи вилата на Бејл во Мадрид за 11 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Феноменот Дончиќ ја растури Минесота, Далас е во финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јован Манев: Сите сме со една цел, да постигнеме добар резултат

Читај повеќе

Артета ја пронајде деветката во Бундеслигата

Читај повеќе

Меси сака да ја предводи Аргентина на Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема шега со Нејмар: Како одмазда за мала шега со нож му ги дупна гумите на Лоди

Читај повеќе