Вие одлучувате – Кој е најубавиот гол на Мундијалот во Русија?

Меѓународниот фудбалски сојуз (ФИФА) на својата официјална страница отвори гласање за најубавиот гол постигнат на неодамнешното Светско првенство во Русија.

Фановите одлучуваат кој гол најмногу ќе се памети од СП 2018 со онлајн гласање за својот фаворит.

Гласањето е отворено до 23 јули и во него може да учестуваат сите навивачи. Може да се гласа за еден од 18 погодоци што влегоа во потесниот избор на ФИФА, а меѓу нив се голот на хрватскиот капитен Лука Модриќ за водство од 2:0 против Аргентина, како и погодокот на Џеси Лингард за водство од 3:0 на Англија против Панама (6:1).

Вашиот глас за најубав гол можете да го дадете ТУКА.

Ова е четврт избор за најубав погодок на СП, од 2006 година наваму. Тогаш за најубав гол беше прогласен погодокот на Аргентинецот Макси Родригез против Мексико во осмина финалето. Во 2010 година наградата ја понесе Уругваецот Диего Форлан за голот против Германија во натпреварот за третото место, а во 2014 година најубав беше голот на Колумбиецот Хамес Родригез во осмина финалето против Уругвај.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more
 

Спорт

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе