Видеодневник од животот под карантин на крузер

Патниците и членови на екипажот кои беа во карантин на крузерот The Westerdam, чие закотвување го одбија пет азиски и пацифички земји од страв од ширење на вирусот Covid-19, конечно може да излезат од карантин.

На бродот до вчера не му беше дозволено да се закотви на пет пристаништа, иако операторот Holland America Line со седиште во САД, соопшти дека меѓу 1.455 патници и 802 членови на екипажот нема потврдени случаи на корона вирусот.

Дел од патниците и членови на екипажот веќе се тестирани и евакуирани од крузерот. Една патничка објави видео во кое покажува каков е животот под карантин во време на епидемија. Видеото е снимено пред да ја добијат информацијата дека ќе смеат да го напуштат бродот.