Видео реконструкција од летот на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант
YouTube каналот The Flight Channel, кој се занимава со реконструкција на воздухопловни несреќи, објави видео реконструкција во кој е прикажан летот на хеликоптерот во кој загинаа Коби Брајант и уште осум луѓе.
Во хеликоптерот, освен Брајант, беше и неговата ќерка Џијана и седуммина патници. И понатаму не е позната причината за несреќата, односно причината за падот на хеликоптерот во Калабас, место покрај Лос Анџелес.
Реконструкцијата е направена според моментално достапните податоци за летот на Sikorsky S-76B. Интересно е тоа што пилотот Ара Зобајан постојано комуницирал со контролата на летање, но на последните три јавувања не се одѕвал по што хеликоптерот неконтролирано паднал и удрил во ридот.