Живот

Вештини што треба да ги поседувате ако сакате да напредувате во кариерата

14. мај 2019 - 17:33 | Б.С.Б.

Дури и ако сте задоволни со моменталната работа, тоа не значи дека не треба да напредувате. Напредувањето не значи само промена на работното место, туку и личен развој дури и во случај кога само вие го забележувате, бидејќи така може многу да си го олесните животот.

Кои три деловни вештини треба да ги поседувате?

1. Уредни финансии

Одложувањето на плаќање сметки до доаѓањето на опомена на никој не му донела добро. Затоа, на почетокот на месецот секогаш планирајте како ќе ги распоредите парите, смислете начин како да заштедите и размислете дали постои опција за дополнителна заработка, како на пример од некое хоби.

2. Усовршете ги презентациските способности

За да ве сфатат колегите сериозно, но и шефовите, како жена која си ја знае работата, важно е да имате совршени презентациски вештини. Прочитајте книга за јавни говори, послужете се со видео туторијали или инвестирајте во курс за да бидете без трема и други препреки додека го презентирате проектот.

3. Временска организација

За да направите сè што треба во текот на денот треба однапред да го испланирате времето. Покрај деловните обврски, организирајте и планирајте како ќе го минете слободното време за секој дел од денот биде корисно исполнет.