Некои од најпознатите модни куќи ги одложуваат модните ревии поради ширењето на корона вирусот.
Италијанските модни брендови Аrmani и Versace денеска соопштија дека ги откажуваат модните ревии.
Ревијата на Armani требаше да биде одржана на 19 и 20 април во Дубаи, додека Versace својата нова колекција требаше да ја претстави во САД на 16 мај, пренесува Reuters.
Gucci се откажа од ревијата во Сан Франциско која беше закажана за 18 мај, а Prada и Chanel уште минатиот месец ги откажаа модните ревии кои требаше да се одржат во Азија во мај.
„Станува збор за преземање на превентивни мерки за да ги заштитиме нашите модели, вработени и посетители“, се наведува во соопштението на Armani. Од Versace исто така изјавија дека приоритет им е здравјето на нивните вработени.