Фудбал

Вардар и Осогово не седат дома, ќе играат фудбал

15. март 2020 - 16:47 | Ф.З.

Денеска од 18 часот во Скопје бубамарата ќе ја тркалаат фудбалерите на Вардар и Осогово во пријателски натпревар.

На „Тоше Проески“ стадионот седењето дома за 90 минути ќе го прекинат играчите на Вардар, лидер во Првата лига и тимот на Осогово, кој се натпреварува во Втората лига Исток.

Од Осогово веќе ги објавија и почетните 11 кои ќе истрчаат на теренот, а набрзо составот го открија и вардарци.

Натпреварот, нормално, се игра без публика. Пренос ќе има на Twitter, текстуален.