Фудбал

ВАР не бил така лош: Барселона ќе се жали за недосудениот пенал за Пике

15. декември 2019 - 12:47 | МИА/КАЈГАНА

Раководството на шпанскиот фудбалски клуб Барселона изрази незадоволство од делењето на правдата на вчерашниот дуел со Реал Сосиедад од 17. коло од првенството на Шпанија против Реал Сосиедад (2:2).

Претседателот на каталонскиот клуб Жозеф Бартомеу, ќе испрати официјална жалба до Шпанската фудбалска федерација, пренесува Diario SPORT.

Во последните минути од играта, главниот судија Хавиер Алберола Рохас не досуди пенал во корист на Барселона, кога дефанзивецот на каталонскиот клуб Џерард Пике во шеснаесетникот беше повлечен од еден домашен играч.

Судијата одлучи да не се консултира со ВАР системот за да ја разгледа спорната ситуација.

ВАР системот не е на многу добар глас, со оглед на тоа дека во последно време беа поништени многу голови на сметка на милиметарски офсајд престапи, но се чини дека ќе има и вакви ситуации кога опцијата е повеќе од добредојдена.