Вака ќе изгледа 250-тиот Bugatti Chiron Sport Edition Noire

Bugatti со 250-тиот Chiron Sport Edition Noire ќе ја одбележи половината на планираната продукција во Женева.

Bugatti, наследникот на легендарниот модел Veyron, премиерно го претстави во 2016 година на Саемот за автомобили во Женева. Сега, по четири години пред публиката ќе го претстави 250-тиот примерок и ќе ја одбележи реализацијата на половина од планираните примероци.

Карбонската каросерија на Chiron Sport Edition Noire е збогатена со многу црни детали, а црните елементи доминираат и во кабината која е обложена со најквалитетни материјали.

Почетната цена изнесува три милиони евра, а автомобилот го покренува 8-литарси мотор со 16 цилиндри кој има асистенција од четири турбо полначи и развива 1.600 коњски сили, 1.600 Nm максимален вртежен момент.