Една од најужасните сообраќајни несреќи во поново време беше случајно фатена на камера во Русија.
Несреќата се случи откако на камионот што доаѓа од спротивен правец на автомобилот во кој е вклучена безбедносната камера му се откачи тркало и го погоди автомобилот Ford Focus кој вози пред автомобилот со камерата.
47-гдишниот возач на автомобилот изгуби контрола и директно удри во камионот.
Автомобилот се одби на десната страна, а оштетениот камион продолжи да се движи кон автомобилот со камерата што почнува да се враќа наназад.
На камионот за кратко време му се запали горивото и кабината почнува да гори. Додека пламените јазици го голтаат камионот, на возачот му требаше време да се соземе од шокот и да излезе од кабината и да се спаси.
Возачот на автомобилот Ford Focus заврши во болница, а камионџијата помина бев повреди.