Наука

Успешно тестирање: „Терминатор“ ќе го исчисти вселенскиот отпад

27. јануари 2020 - 11:09 | Б.С.Б.

Технологијата што би можела да го ублажи проблемот со вселенскиот отпад успешно ги мина тестирањата во Земјината орбита. Се работи за системот наречен Terminator Tape.

Space-X ракетата Falcon Heavy во јуни 2019 година постави неколку десетици сателити, меѓу кои и Prox-1. Сателитот во септември ја активираше лентата „Терминатор“, прицврстена за надворешниот дел од сателитот.

Лентата е долга 70 метри и има својства на спроводник на електрична енергија и прилично мала маса. Служи за брзо собирање на неактивните сателити. Технологијата е погодна токму поради занемарливата тежина, а и производството е прилично евтино.

Стручњаците подолго време предупредуваат дека вселенскиот отпад претставува опасност како за мисиите, така и за активните сателити. „Терминатор“ би можело тој проблем да го реши или барем да го ублажи.