Украден оригиналниот костум на Iron Man кој вреди 325.000 долари

Полицискиот оддел од Лос Анџелес во моментов го истражува исчезнувањето на еден од костумите на Iron Man, чија вредност се проценува на околу 325.000 американски долари.

Костумот исчезнал уште минатиот месец од магацинот во Лос Анџелес каде Marvel ги чуваат нивните костуми, но досега никој го немал тоа пријавено бидејќи сите вработени таму се надевале дека ќе биде пронајден.

Сопствениците на магацинот во вторникот го провериле целиот простор и не можеле да го најдат костумот, па решиле да пријават во полиција. Тие се сомневаат дека тој бил украден од магацинот, од страна на некој кој знаел дека таму се чуваат вредни работи на студиото Marvel.

Инаку, се работи за костум кој го носеше Роберт Дауни Џуниор во филмот „Iron Man“ од 2008 година. Тој е дел од филмскиот универзум на Marvel, а костумот кој исчезна е дел од култните почетоци на студиото, земајќи во предвид дека токму тој беше првиот суперхеројски костум кој фановите на оваа франшиза имаа шанса да го видат.

Роберт Дауни Џуниор оттогаш смени неколку костуми, а последен пат го видовме со новиот костум во филмот „Avengers: Infinity War“, кој и понатаму продолжува да ги руши рекордите на светскиот боксофис.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе