УЈП: До крајот на месецот проверка на Годишната даночна пријава

Скопје, 26 мај 2019 (МИА) – Граѓаните кои оствариле приходи во 2018 година имаат рок до крајот на овој месеци, односно 31 мај да направат увид во претпополнетата Годишна даночна пријава електронски доставена од Управата за јавни приходи.

На електронскиот систем на Управата за јавни приходи регистрирани се над 680.000 даночни обврзници кои оствариле приход во текот на 2018 година. Тие треба на својот кориснички профил да ја проверат испратената препополнета Годишна даночна пријава и да ја потврдат или да ја кориригираат.

Од УЈП за МИА информираат дека од 1 јуни Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава, коригирана или потврдена.

 – Исто така од 1 јуни 2019 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓанинот не се ниту потврдени или коригирани, појаснуваат од УЈП.

Оттаму додаваат дека годишната даночна пријава што граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата, посочуваат, ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

–Пресметана разлика за доплата по годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обврска да ја платат најдоцна до 30 јуни 2019. Согласно законските одредби УЈП, како што наведуваат, нема да носи Решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход.

Од УЈП наведуваат дека граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави, може да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 0800 33 000 и 02/3253 200.

Воедно, ги повикуваат и граѓаните кои оствариле приходи, а сѐ уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе