УЕФА награди осуммина лекари за спасувањето на животот на Ериксен

Пред денешната жрепка УЕФА им додели специјални признанија на членовите на лекарскиот тим кој го спаси животот на Кристијан Ериксен откако колабираше на натпреварот Данска - Финска на ЕУРО 2020.

Добитници на претседателската награда на УЕФА се данскиот капитен Симон Кјер, кој прв интервенираше, како и членовите на данскиот лекарски тим Мортен Скојлдагер и Мортен Боесен, медицинскиот тим на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, Моргенс Кронцфилд, Фредерик Фленстед, Андрес Боесен и Педер Есгард, како и медицинските работници на УЕФА, Јенс Клејнефелд и Валентин Великов.

Сите споменати дадоа свој придонес во спасување на животот на најдобриот дански фудбалер Кристијан Ериксен, кој на натпреварот меѓу Данска и Финска на ЕУРО 2020 колабираше на теренот во 43 минута и претрпе срцев удар.

Благодарение на брзата реакција на целата лекарска екипа, Ериксен преживеа и целосно се рехабилитираше по неколкудневен престој во болница.

На вечерашната свеченост во Истанбул признанието лично им го врачи претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

реклама

Фудбал

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more
 

Спорт

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе