Фудбал

У20 фудбалери на тренинг камп во Охрид ќе пробаат да го импресионираат селекторот

10. декември 2019 - 14:02 | Ф.З.

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година од денеска почнува тренинг камп во Охрид за фудбалери до 20 години исклучиво од домашните лиги.

Благоја Милевски има намера одблиску да се запознае со младите фудбалери кои тропаат на вратата на У21 репрезентацијата не само за овој туку и за наредниот циклус на квалификации.

Во Охрид тие ќе престојуваат од денеска до сабота кога кампот ќе завбрпши со тест натпревар против екипата на Работнички од 13 часот. Тренинг кампот како и натпреварот ќе се одржат на стадионот „Атина Бојаџи“ кај Билјанини Извори.

Меѓу повиканите играчи има петторица кои настапуваат во вторите лиги, додека останатите 15 се од прволигаши.

Голмани:
Давид Денковски - Академија Пандев
Матеј Андов - Вардар

Одбрана:
Давид Велковски - Вардар
Зоран Ивановски - Беласица
Јован Манев - Брегалница
​Марио Младеновски - Вардар
Оливер Стоименовски - Борец
Стефан Наумчески - Вардар

Средина:
Анес Османоски - Брегалница
Бојан Димоски - Вардар
Јакуп Бериша - Шкендија
Лука Трајкоски - Македонија ЃП
Сефер Емини - Македонија ЃП

Напад:
Абдулхади Јахја - Струга
Арби Воша - Македонија ЃП
Давид Тошевски - Работнички
Емир Скендери - Тиквеш
Енсар Љума - Дрита
Сухејљ Мухарем - Шкупи
Џемал Ибиши - Вардар

Повикани беа уште двајца играчи на Вардар кои отпаднаа поради повреда. Се работи за играчот од средниот ред Али Адем како и напаѓачот Бојан Колевски.