Живот

Трите клучни вештини за успешна кариера според Бил Гејтс

11. јули 2018 - 19:40 | МИА

Редмонд, 11 јули 2018 (МИА) - Ако размислувате за идна кариера, неколку совети од Бил Гејтс, основач на Microsoft и футурист, како се дефинира самиот тој, може да ви бидат од корист на пазарот на трудот.

Бил Гејтс често работи со пронаоѓачи и луѓе кои ја менуваат индустријата, чита книги за иднината на човештвото и финансира проекти за напредокот на општеството. Врз основа на собраните податоци, Гејтс доаѓа до заклучок дека луѓето со знаења и вештини во три клучни области - наука, инженерство и економија - ќе бидат најбараните оттука натаму.

Луѓето, кои покажуваат успех во овие три предмети, ќе ја „носат промената во сите институции“, вели Бил Гејтс пред извршниот уредник на LinkedIn Даниел Рот во интервју од 2016 година. Тој ги има во предвид основните познавања во науката, математичките вештини и економијата - тој мисли дека за многу професии во иднина ќе биде потребно такво знаење.

„Не мора да сте експерт во пишување на код или во периодичниот систем, но вештината да мислите на начинот, на кој овие експерти го прават тоа, ќе ви помогне неверојатно“, вели Бил Гејтс.

Тој додава дека не е задолжително да пишувате код, но треба да дознаете „што можат да прават инженерите, а што не можат“.

Според него, луѓето со трите клучни вештини веројатно ќе ја револуционизираат индустријата.