Фит

Трикови за согорување на повеќе масти

26. јули 2018 - 15:19 | М.Д.

Добро е познато дека за успешно слабеење потребно е да согориме поголем број на калории, отколку што внесуваме во организмот.

Тренерот Јулија Стерн, открива дека треба да го поттикнеме телото, вишокот на масти да ги користи како енергија, а тоа може да се оствари со помош на овие шест трикови:

1. Јадете здрави масти

„Без масти телото не може да добива енергија. Сакам да го почнам денот со лажичка кокосово масло во утринското кафе“, вели Стерн.

„Тоа ме прави заситена, а мозокот подобро се фокусира на работата во текот на утрото и ми обезбедува доволно енергија за вежбање и согорување на масти“, додава таа.

2. Спијте доволно

„Ова понекогаш знае да биде тешко, но е од големо значење за согорувањето на мастите. Ако се обидувате да вежбате кога не сте доволно спиени, ќе ги исцрпите мускулите и ќе биде многу потешко да согорите калории“, истакнува Стерн и советува најмалку седум часа сон.

3. Јадете малини

Според докторката Жаклин Шафер, половина до цела чашка полна со малини може да поттикне согорување на масти.

„Малините се богати со протеински влакна, кои му помагаат на телото што е можно побргу да стигне до посакуваната цел“, смета оваа докторка.

4. Пијте ладна вода

Ова можеби ќе ви звучи чудно, но е доста ефективно, барем така велат докторите.

„Секои 30 милилитри испиени вода согоруваат по една калорија“, објаснува Жаклин и додава дека е важно да се води сметка за тоа водата да биде ладна.

5. Практикувајте интервален тренинг

Размислете за кратки периоди со високо интензивни удари, после кои ќе одморите околу 60 секунди за да земете воздух“, советува Стерн.

Вежбањето во интервали, посебно кога станува збор за вежби со висок интензитет, значително помага при согорување на масти.

6. Тренинг за сила

„Тренингот за сила го забрзува метаболизмот“, вели Стерн.

За овој тренинг не ви е потребна никаква дополнителна опрема, туку можете да пробате со некои основни вежби, како склекови, преку кои ќе ја зголемите силата и побргу ќе согорите калории.