Tрикови со кои ќе се мотивирате да вежбате по работа

А.С.
/ 04.10.2022 / 15:55

На повеќето луѓе не им паѓа на памет да вежбаат по осум часа поминати на работа и повеќе би сакале да го поминат попладнето во кревет или фотелја, отколку на справа за вежбање во теретана или на патеката за џогирање.

Но, ако сте одлучни да ги исполните вашите фитнес цели и со тоа да си го подобрите целокупното здравје, имајте на ум дека вежбањето после работа не само што ќе ви даде енергија за остатокот од денот, туку и ќе ви заштеди време. Ова се шест трикови со кои ќе се мотивирате да вежбате откако ќе завршите со работното време.

Инспиративни пораки во канцеларија

 

На работното биро, на позадината на компјутерот или телефонот ставете си мотивирачки пораки како „keep calm and do your workout“, „подобро се чувствувам кога вежбам“ и слично, вели фитнес инструкторката Леана Шир од Њујорк.

Ставете го тренингот во вашиот дневен/неделен план

Уште сега ставете ги термините за вежбање во вашиот распоред и тоа со целосен план што планирате да вежбате. Тоа ќе ве мотивира да не отстапувате од планот и навремено да ги остварите вашите фитнес цели. Исто така, знаете колку е добро чувството да пречкртате завршена обврска од работниот распоред. Зошто тоа да не важи и за вежбањето?

Понесете ја опремата за вежбање со себе

Вечерта пред спиење погответе ја вашата опрема за вежбање и понесете ја со вас на работа. Така ќе бидете мотивирани и ќе немате изговор дека треба да се враќате до дома. Ако работите од дома, подгответе си ја облеката за вежбање уште од сабајле, па нема да се демотивирате додека си ги барате хеланките или патиките за трчање.

Вежбајте во група

Вежбањето во група е одлична мотивација за тренинг. Самата помисла дека некој ве очекува да вежбате заедно и чувството на одговорност кон групата ќе ве поттикнат да станете и да тргнете кон теретаната, а после тоа сѐ е лесно.

Потрудете се да најдете теретана блиску до работното место или до дома

Ова е многу логична одлука – зошто да губите време или да се убедувате дали да тргнете до другиот крај на градот, кога може да вежбате во теретана што ви блиску до дома или до работа.

Не се откажувајте!

Ова можеби звучи многу наивно, но најголема мотивација за вежбање сепак сте самите вие. Гордејте се со вашите напредувања и резултати и пофалете се за добро завршената работа. Вие сте си најголема поддршка, па секој ден повторувајте си – не се откажувај!

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Фит

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Read more

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе