Сигурно ви се случило барем еднаш машината за перење да не го заврши циклусот како што треба и наместо убав мирис после перењето да добиете непријатен мирис.
Се прашувате зошто? Понекогаш машината не ги пере добро алиштата, па може да има непријатен мирис, а потоа прво треба да проверите дали греачот добро се загрева, а ако сè е во ред со машината - побарајте го проблемот на друго место.
Покрај неисправната машина за перење, можеби и вие сте виновни за нешто. При перењето алишта многумина ставаат премногу детергент или омекнувач, кој машината не може добро да го исплакне, па се таложи во ткаенината и на крајот наместо убав мирис, добивате нешто сосема спротивно.
Дополнително, размислете каков вид на алишта перете, како и дали таа ткаенина е дизајнирана да прими додаден омекнувач. Не сите ткаенини се погодни за омекнување, а ако перете синтетички материјали, треба да се избегнува омекнувач.
Кога се работи за фармерки, производителите имаат јасна позиција - никогаш не додавајте омекнувач при перење фармерки. Омекнувачот прави ткаенината да се шири, а исто така и бојата побрзо се одмива.
Насобраната нечистотија во машината исто така може да биде причина за лош мирис на алиштата, а може да се појават и бели дамки на гардеробата. За да го спречите ова, следете неколку едноставни правила за одржување:
- Испразнете ја машината за перење што е можно поскоро по секое перење.
- По секое перење, отстранете го преостанатиот детергент од гумата на вратата.
- Редовно чистете ја преградата за детергент.
- Еднаш месечно пуштете ја машината за перење „празна“ со детергент и оцет за дезинфекција.
И уште еден трик, кој ќе овозможи вашата облека да мириса и до 7 дена по перењето.
Не ставајте го омекнувачот веднаш на почетокот на перењето, туку почекајте машината да го помине првиот циклус на перење и дури откако ќе земе вода за следниот циклус, ставете го омекнувачот. Така, повеќе омекнувач ќе остане во ткаенината и ќе мириса повеќе.
Сепак, бидете внимателни, бидејќи остатоците од омекнувачот одговорни за посилниот мирис може да ја иритираат вашата кожа.