Фит

Три житарки кои треба да ги избегнувате доколку слабеете

19. декември 2019 - 11:33 | М.С.

Во последно време житарките имаат лоша репутација, па затоа многумина избегнуваат да внесуваат јаглехидрати во исхраната. Со помош на јаглехидратите многу лесно се дебелеете.

Но, ова тврдење може да биде сосема погрешно, затоа што некои житарки ќе ви помогнат во процесот на слабеење, додека други ќе го направат спротивното. 

Доколку не сакате да ја зголемите телесната тежина, треба да избегнувате консумирање на овие житарици, пренесува Bright Side.

Ориз

Белиот ориз спаѓа во групата на рафинирани јаглехидрати. Тој е богат со калории, со малку влакна и нема никаква нутритивна вредност, ниту корисни микроелементи.

Има многу висок гликемиски индекс, што значи дека се претвора во шеќер откако ќе го изедете и од него ќе бидете сити само краток период.

Пченица

Пченицата исто така се нарекува суперхрана за добивање вишок килограми. Содржи амилопектин А, скроб кој екстремно дебелее.

Производите од пченица се многу калорични, имаат висок гликемиски индекс и можат да предизвикаат зависност.

Според истражувањето, само две кришки бел леб ќе го зголемат нивото на шеќерот во крвта исто како да сте изеле две лажици бел шеќер.

Кускус

Кускус не се разликува многу од преработената пченица – нема многу корист за организмот, а содржи многу калории кои ве дебелееат.