Третиот стрелец во Премиер лигата призна вина за обвиненијата за обложување

Одличниот напаѓач на Брентфорд, Ајван Тони, се изјасни за виновен за повеќето од 232-те обвиненија за обложување, што значи дека ќе се соочи со тешка казна од англискиот фудбал.

Тони, кој важи за еден од најдобрите напаѓачи во англискиот фудбал и моментално е трет стрелец во Премиер лигата со 14 голови, уште во ноември се соочи со 232 обвиненија за прекршување на правилата за обложување на Премиер лигата.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) откри дека Тони е обвинет за прекршување на регулативата Е8, која го покрива периодот од 25 февруари 2017 до 23 јануари 2021 година, а се однесува на обложување, иако е професионален фудбалер.

Беше изоставен од репрезентацијата на Англија за Светското првенство во Катар. Иако никогаш не беше потврдена како причина, процесот најверојатно влијаеше на Гарет Саутгејт да не го земе на Мундијалот еден од најдобрите англиски напаѓачи.

URL

Тој сега се изјасни за виновен за огромното мнозинство од тие обвиненија, а притоа оспорува некои од нив. По сослушувањето пред ФА, Тони се очекува да добие голема забрана и суспензија, почнувајќи пред крајот на тековната сезона.

Тоа значи дека покрај тоа што ќе му недостасува на неговиот Брентфорд на крајот од сезоната во Премиер лигата, нема да може да се најде на репрезентативниот список ниту во квалификациите за ЕУРО 2024, кои почнуваат кон крајот на месецов.

За напаѓачот, кој на 16-ти месецов ќе полни 27 години, ова е трета сезона во боите на Брентфорд, а втора по ред во Премиер лигата. Лани на 33 натпревари постигна 12 гола, додека претходно во Чемпионшип на 45 погоди дури 31 пат и беше една од клучните алки за промоцијата на Брентфорд во елитата. Пред да дојде во Брентфорд настапуваше за Питербороу Јунајред, Сканторп Јунајтед, Виган Атлетик, Шрозбури Таун, Барнсли, Њукасл Јунајтед и Нортемптон Таун.

На листата на стрелци во Премиер лигата лидер убедливо е Ерлинг Холанд со 27 голови, втор е Хари Кејн со 18, а третото место го делат Ајван Тони и Маркус Рашфорд со по 14.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе