Трамп за убиството на 22-годишната студентка: Илегалните мигранти се животни

Макфакс
/ 03.04.2024 / 08:10

Доналд Трамп денеска на предизборен митинг во Мичиген ги нарече илегалните мигранти во САД „животни и нелуѓе“. Републиканскиот претседателски кандидат наведе неколку злосторства извршени од илегални имигранти и предупреди дека Америка ќе биде зафатена од насилство и хаос доколку не биде избран за претседател на 5 ноември.

Зборувајќи за Лејкен Рајли, 22-годишна студентка од Џорџија, за чие убиство е осомничен мигрант од Венецуела, Трамп рече дека некои мигранти не се луѓе. „Демократите велат: 'Не ги нарекувајте животни, и тие се луѓе“. А јас велам: „Не, тие не се луѓе, тие се животни“, рече Трамп.

Тој ги повтори тврдењата дека мигрантите, кои илегално ја минуваат границата со Мексико, избегале од затвори и ментални установи и дека тие се одговорни за зголемувањето на криминалот во САД.

Трамп одржа говор со наслов „Бајденовото гранично крвопролевање“ во градот Гранд Рапидс, чија полиција објави дека 25-годишната Руби Гарсија минатиот месец била убиена од Брендон Ортис-Вајт (25), кој илегално живее во Америка.

Триесет и 8% од републиканците и еден од пет независни гласачи веруваат дека имиграцијата е главниот проблем во земјата, според анкетата на Reuters/Ipsos на крајот на февруари. Трамп често тврди дека мигрантите се виновни за порастот на насилството во американските градови. Денеска тој го повтори тврдењето дека земјите во Латинска Америка намерно ги испраќаат своите криминалци во САД.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе