Останати спортови

Трамп предлага одложување на Олимпијадата во Токио за една година

12. март 2020 - 20:11 | МИА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека официјалните лица би требало да ја разгледаат опцијата за одложување на Летните олимписки игри во Токио за една година поради пандемијата на Covid-19.

Според Трамп, тој настан не е ист со и без публика.

САД се инаку најбројниот учесник на Олимпијадата, која оваа година е планирана да се одржи од 24 јули до 9 август.

Јапонски официјални претставници се обидоа да шпекулираат дека Олимпијадата би можела да биде одложена или откажана по прогласување пандемија на корона вирусот во светот.