Трамп: Корона вирусот е под контрола во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ситуацијата со корона вирусот во САД е под контрола.

Администрацијата на Трамп од Конгресот побара дополнителни 2,5 милијарди долари за подготовка во случај на епидемија и за помош на другите погодени држави.

„Ние имаме многу малку заразени луѓе со тој корона вирус“, рече претседателот на САД.

Трамп рече дека 14 Американци кои беа позитивни на Covid-19 на крузерот „Diamond Princess“ во Јапонија, се донесени во американските објекти.

Претседателот на САД рече дека тие се ставени во карантин и смета дека за кратко време ќе бидат пуштени.

Трамп изјави дека сака дополнителни 2,5 милијарди долари за да ја зајакне одбраната до случај да се влоши ситуацијата со ширењето на вирусот. Канцеларијата за буџет на Белата куќа соопшти дека овие средства ќе бидат користени за развој на вакцини, лечење и заштитна опрема, но демократите веднаш го одбија ова барање.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе