Трамп ја предупреди Русија да не се меша во изборите во САД

Во текот на средбта со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Москва да не се обидува да се меша во изборите во САД и ја повика да се реши судирот со Украина, соопштија од Белата куќа.

Со Лавров разговараше и американскиот државен секретар Мајк Помпео кој порача дека е неприфатливо било кaкво странско мешање во американските избори и на Русија и другите земји им порача дека администрацијата на Трамп ќе го заштити интегритетот на гласањето, пренесе Voice of America.

На прес конференцијата со својот руски колега, со кого во Стејт департментот разговараше за контролата во вооружувањето, Помпео нагласи дека администрацијата на Трамп ќе го спречи мешањето во изборите.

-Јасно кажав дека тоа е неприфатливо и на Русија јасно ѝ ги изнесов нашите очекувања. Администрацијата на Трамп секогаш ќе работи на заштитата на интегритетот на изборите, нагласи Помпео.

Непосредно пред средбата со Трамп во Белата куќа, Лавров повторно ги отфрли обвинувањата дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.

Тој кажа дека Русија сакала да се објават детали од комуникацијата со Вашингтон која, како што наведе, ќе ја ослободела Русија од обвинувањето дека се меша во изборите, но дека САД тоа го блокирале.

Во соопштението на Белата куќа од средбата меѓу Трамп и Лавров се наведува и дека американскиот лидер ја нагласил својата поддршка за ефикансата глобална контрола во вооружувањето која не ја вклучува само Русија, туку и Кина. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе