Свет

Трамп: Анкара ќе биде финансиски казнета доколку не игра по правилата

10. октомври 2019 - 17:44 | МИА

Вашингтон, 10 октомври 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се обидува да ја заврши војната во Сирија, и притоа ја предупреди Анкара дека ќе биде финансиски тешко погодена доколку не игра според правилата.

„Се обидувам да ја завршам бескрајната војна“, напиша Трамп на својот профил на Twitter.

„Разговарам со двете страни“ додаде тој, пренесен од британските медиуми.

„Велам дека ќе ја погодам Турција многу силно и финансиски и со санкции доколку не игра според правилата“, истакна американскиот претседател и додаде „внимателно набљудувам“.